Search

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред затворот во Шутка

Вообичаените протести на ВМРО – ДПМНЕ денеска се одржаа пред затворот во Шутка каде што одлежуваат 30 – дневен притвор пратениците на ВМРО ДПМНЕ и други функционери на оваа партија.

Демонстрантите побараа нивно ослободување. Меѓу барањата на демонстрантите беше и тоа Никола Груевски да не ја напушти функцијата лидер на партијата.

Протести за поддршка на притворените се одржаа и во Охрид. Кривичниот и Алепациониот суд во притвор испратија три пратеника на ВМРО ДПМНЕ, Крсте Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, додека за другите тројца, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска судот изрече мерка домашен притвор. Во притвор се наоѓа и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, поранешниот директор на Операта, Игор Дурловски и актерот Владо Јовановски. Тие се обвинети за кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок.“

Треба да знаете
Последни објави