Search

Сведоштво на жителите: Утрово во Аеродром пукаше на сите страни

Експлозија околу 4 утринава ги разбуди жители на улица Јане Сандански во скопски Аеродром.

Жителите на зградата бр.65 сведочат дека експлодирала бомба поставена под автомобил.

Од фотографијата се гледа дека експлозивната направа е ставена во задниот дел од автомобилот, пишува Вечер.

Во утринската емисија „Ја сакам Македонија” се јави една жителка на општина Аеродром која што ја пофали против пожарната бригада која што веднаш интервенирала и го локализирала пожарот.

Утрово се случи еден немил настан, беше опожарено едно возило. Сакам да упатам пофални зборови за против пожарната бригада од Автокоманда кои молскавично долетаа да го спречат пожарот на возилото кое гореше и пукаше од експлозии на сите страни, пренесува жителка на Аеродром.

Според информациите од МВР се работи на џип Мерцедес.

Како што сведочи жителката на општина Аеродром пожарникарите постојано биле во опасност и го жртвувале својот живот, бидејќи во секој момент можел да експлодира резервоарот на возилото.

Таа потресно вели дека пукотници следеле една по друга, а од возилото не останало ништо.

-Пожарникарите беа толку одговорни, фини, не можам да ви опишам. Колку се жртвуваа, а имаше опасност постојано затоа што можеше да пукне резервоарот. Пукотници следеа една по друга, а од возилото не остана ништо. Може да замислите каков бил пожарот, сведочи жителка на општина Аеродром.

Противпожарните екипи реагирале брзо, заедно со екипи на МВР. Откако го изгасиле запалениот автомобил, екипите на МВР извршиле увид.

Треба да знаете
Последни објави