Search

Скопје 2014 е закана за граѓаните

Проектот „Скопје 2014“, кој според минатата власт требаше да донесе туристи сега претставува закана за граѓаните на Република Македонија, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Овој проект не само што не го разви туризмот, туку и претставува опасност за граѓаните. Со само два дена дожд, можеме да ги видиме последиците од овој проект на минатата власт, а тоа е истекување на реката Вардар и прокапување на театрите и музеите, рече Шилегов.

Тој изјави дека насобраниот отпад од реката Вардар е веќе исчистен, а се средуваат и останатите последици од дождот.

Треба да знаете
Последни објави