Search

Луѓето кои се во притвор не се терористи, туку патриоти

Виското раководство на ВМРО-ДПМНЕ, партиски членови, пратеници, приврзаници се собраа пред Министерството за правда и се упатија кон Владата.

„Неправда е што има кривични пријави од помалите етнички определби, а нема зошто за непотизмот кој силно се развил. Неправда е што не се пушта во употреба автопатот Демир Капија- Смоквица само затоа што го изгради ВМРО-ДПМНЕ, за да се прикаже дека го изгради СДС. Неправда е стопирањето на обновувањето на Универзалната сала”, рече на денешниот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на протестот пред Министерството за правда.

Пред присутните Груевски рече дека се ослободуваат убијци, а се затвараат патриоти само затоа што си ја сакале државата. Груевски додаде дека овие луѓе кои се во притвор страдаат за Македонија и тие не се терористи и обвинувањето е лажно. Тоа е неправда бидејќи тие никого не убија, ниту повредија. Бараме слобода за патриоти.

„Молкот за спомениците дивоградби како во Чаир и Речица, а сметаа спомениците на Ќосето и Мајка Тереза, па им сметале и галиите. Неправда е насилниот избор на претседателот на Собранието со кршење на уставот, со кршење на законите, на деловникот, и доведе и до обид за носење на неуставен закон за двојазичност. Ние таков закон никогаш не прифативме и немаме закон да прифатиме. Немаме ништо против Албанците, ги почитуваме, но носењето на ваков закон е неуставно. Неправда се и резултатите од Локалните избори. Тие што се со криминал избрани, со криминал и ќе владеат. Не им беше проблем да се ослободат Красниќи и Сејдиу, не им беше проблем ни да го затворат Едмонд Темелко кој нема ништо згрешено и ништо не направил. Имаме разбојништва, убиство и нема викенд да нема убиство. Мартин Јанушев тоа го плати со живот, а убиецот е во бегство само затоа што е близок до власта. Последното разбојништво заврши со двојно убиство”, рече Груевски на протестот.

За судството тој рече дека живееме во време на корумпирано судство под притисок.

„ Судиите ги тераат процесите против наши само за да ги добијат нивните симпатии. Ни судат само за да не бидат разрешени. Судството им е пиштол вперен кон сите. Заев се гледа како бара поткуп, а се уште нема рочиште. Ги прифатија дури и нелегално стекнатите аудио материјали. Ставот кај судиите да не бидат сменети и разрешени, е поголем од гласот на аргументите и вистината. Збореа дека ќе ја вратат вистината, но тиа само ја убиваат. Неправда е тоа што бираат име без да го прашаат народот”, додаде Груевски на протестот.
„Правда мора да има. Македонија мора да успее, да живее Македонија, да живее ВМРО-ДПМНЕ, да сте живи и здрави”, порача Груевски.

Меѓу учесниците беа и Емил Димитриев, Антонио Милошоски и Христијан Мицковски.

Учесниците носат транспаренти на кои е испишано „Слобода за Богдан”, “Доле за хунтата”, „Доле Влада, злото мора да се победи”, „Дурловски е уметник, а не терорист”.

 

Треба да знаете
Последни објави