Search

Лицата со посебни потреби имаат потреба од поголема поддршка

Лицата со посебни потреби во општините Дебар и Центар Жупа имаат потреба од поголемо внимание од страна на надлежните институции и притоа бараат покачување на ниво на држава на висината на матријалната подршка што тие ја добиваат.

Ова беше нагласено на денешната средба, која ја одржа здружението ,,Порака ,, во Дебар по повод 3 Декември меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Претседателот на здружението, Беким Аме нагласи дека со матријалната подршка која изнесува нешто повеке од 4 илјади денари, оваа категорија на лица не е во можност да ги покрие потребните трошоци. Тој исто така рече дека во Дебар за потребите на овие лица особено за учениците со посебни потреби нема логопед ниту дефектолог. 

Здружебнието ,,Порака,, оценува деказа кетарогијата на овие деца има потреба од формирање на посебни паралелки во училиштата како и посебен наставен кадар. Исто така оваа здружение бара од одредени институции, како што се банките, поштата и други објекти да се изградат пристапни рампи. Здружението смета дека неоходна е поголема активност на Центарот за социјални работи и родителите на лицата со посебни потреби за зголемување на бројот на децата со хендикеп кои се редовни во Дневниот центар за лица со посебни потреби, како и подобрување на условите на овој центар.

Претседателот на Советот на Дебар, Башким Машкули, на средбата посветена на 3 Декември меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, нагласи дека локалната власт ке продолжи и понатаму во рамките на својата надлежност да дава подршка на оваа категорија на лица.  

Треба да знаете
Последни објави