Search

Груевски: Предложивме закон за амнестија, доста е реваншизам

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно одржа марш за да истакне незадоволство за одлуките за притвор на неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, ексдиректорот на БЈБ- Митко Чавков, Игор Дурловски, Владо Јовановски и други учесници во насилниот упад во Собранието на 27 април.

Маршот го предводеше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Во говорот пред Владата, Груевски истакна дека на Македонија и требаат реформи, влез во НАТО и ЕУ, напредок, инвестиции, нови работни места и пред се правда.

„На Македонија не и треба реваншизам и неправди. Народот бара подобар живот, повисок стандард, повисоки пензии, плати.  Со сета осуда на насилството на поединци, со целосно сочувство кон оние кои беа физички нападнати или повредени, но земајќи ги во обзир грешните чекори на власта, ВМРО-ДПМНЕ предложи закон за амнестија на учесниците од инцидентот од 27-ми април 2017-та година и почеток на периодот за национално помирување. Затоа што овој реваншизам не не води никаде“, рече Груевски.

На протестот пред Владата зборуваше и ќерката на Митко Чавков.

Треба да знаете
Последни објави