Search

Две гражби во „Спорт лајф“ во Скопје и Гостивар

На улица „Маџари“ во спортска обложувалница „Спорт лајф“ во Скопје вчера во 22 часот, од страна на две непознати лица со закана со пиштол извршено е разбојништво, при што се одземени 151.500 денари од дневниот промет. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.

Утринава во 9 часот во Полициска станица Гостивар вработен во спортска обложувалница „Спорт лајф“ лоцирана на улица „Маршал Тито” во Гостивар пријавил разбојништво извршено од непознато лице кое со закана со пиштол го одзел дневниот промет по што го напуштил местото на настанот. 

Извршен е увид, се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Треба да знаете
Последни објави