Search

Прокисна МНТ – Откажана престава поради апсењето на актерот Владо Јовановски, прес во 12 часот

Актерите на театарот ја откажаа претставата „Ничија земја“ во знак на протест поради апсењето на актерот Владо Јовановски.

Македонскиот народен театар синоќа од силните врнежи од дожд прокисна. За ова како и за откажувањето на претставата „Ничија земја“ денеска денеска во 12 часот е закажана прес-конфереција на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, неговиот заменик Владимир Лазовски и раководството на театарот поради прокиснувањето на објектот од дождот.

На прес-конференцијата, како што најави Министерството за култура, ќе стане збор и за откажувањето на синоќешната претстава „Ничија земја“ од страна на актерите во знак на протест за нивниот колега Владо Јовановски кому Кривичниот суд вчера попладне му одреди 30-дневен притвор за настаните во Собранието од 27 април.  

Треба да знаете
Последни објави