Search

30 дена притвор за нови тројца насилници од упадот на 27 април

Основниот суд Скопје 1 денеска извести дека вчера Кривичниот совет при скопска единица постапувајќи по жалби поднесени од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, одлучил да ги уважи жалбите на обвинителството и решенијата на судија на претходна постапка и да ги преиначи своите одлуки.

 

Притоа е предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор и против осомничените М.П., Г.Ѓ. и Е.Д.Б., па им е одреден 30 дена притвор по член 165 од Законот за кривична постапка на Р.М.

„Во однос на останатите жалби поднесени од странките против решенијата на судија на претходна постапка, откако ќе се произнесе Кривичниот совет и ќе бидат изготвени решенијата, јавноста ќе биде дополнително известена.

Во текот на вчерашниот ден пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, спроведено е едно лице опфатени со предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието на Р.М., за кој по произнесување на спроведените лица во однос на предлогот на обвинителството, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот и на З.С. му определи мерка притвор во траење од 30 дена“ известија од судот. 

Треба да знаете
Последни објави