Search

Пендаровски ќе биде национален координатор на Македонија за НАТО

Пандаровски ќе ја преземе функцијата откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник. До тогаш останува пратеник во Собранието.

На последната седница Владата донесе одлука да го именува пратеникот на СДСМ и поранешен претседателски кандидат, Стево Пендаровски, за национален координатор на Македонија за влез во НАТО. Пандаровски ќе ја преземе функцијата откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник. До тогаш останува пратеник во Собранието.

Со ова Владата настојува да ги врати позициите на Македонија во меѓународната заедница и да ги обнови шансите за прием на земјата во алијансата.

Македонија веќе еднаш имаше национален координатор за НАТО во периодот од 2006 до 2009 година кога на таа функција беше именуван министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Функцијата стана испразнета и во мирување по неуспехот на Македонија во Букурешт. 

 

 

Треба да знаете
Последни објави