Search

Маж од Прилеп починал додека поправал возило

Шеесет и петгодишен маж од Прилеп вработен во механичарска работилница починал додека вршел поправка на патничко моторно возило.

„Ѓ.А.(65) од Прилеп, додека вршел поправка на патничко моторно возило ‘сеат толедо’ со прилепски регистарски ознаки сопственост на С. Д., од непознати причини избувнал пожар во возилото, при што Ѓ.А. со црево се обидел да го изгаси пожарот, но во еден момент паднал во бессознание. Од екипа на Итна медицинска помош Ѓ.А. е пренесен во Медицински центар Прилеп каде што е констатирана смрт. Од извршен разговор дознаено е дека починатиот боледувал од срце. Од страна на Противпожарна екипа Прилеп пожарот е изгаснат“, стои во соопштението на МВР.

Увид ќе се врши во текот на денов.

Треба да знаете
Последни објави