Search

Груевски не кажа детали од вчерашната средба кај Иванов

Немаме одлука за напуштање на Собранието

Груевски не кажа ниту детали за што разговарале вчера со Зоран Заев и Ѓорѓе Иванов во претседателската вила на Водно.

ВМРО-ДПМНЕ нема одлука да го напушти собранието по вчерашните приведување за насилството од 27 април и протестите кои се одржаа вчера пред Кривичниот суд, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој не кажа ниту детали за што разговарале вчера со Зоран Заев и Ѓорѓе Иванов во претседателската вила на Водно.

– Нема посебни детали. Иванов за да ги смири тензиите по овие политички хајки што се случуваат нè покани на разговор. Јас ги повторив ставовите што ги изнесов и на вчерашната прес конференција – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Треба да знаете
Последни објави