Search

Груевски денес во судница за насилството во општина Центар

Во Основниот суд Скопје 1 за денес е закажано продолжението за судскиот процес на насилството во општина Центар во кој првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски.

Тој вчера повика на протест за приведувањето на 36-те лица, меѓу кои и пратеници за насилството од 27-ми април во Собранието на Република Македонија, а потоа им се приклучи на демонстрантите пред Основниот суд Скопје 1. 

Во текот на судската постапка за насилството во општина Центар обвинетиот Груевски и неговите сопартијци, обвинети во овој предмет, се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за насилството.

Единствено обвинетиот Томислав Лазаров пред судот рече дека чувствува вина и дека се кае за стореното, по што беше осуден на условна казна. 

Меѓу обвинетите во овој случај се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште осум лица.

Треба да знаете
Последни објави