Search

Променливо облачно и студено, температури до пет степени

Утринските температури се движат од минус три до три степени, додека дневните се очекува да достигнат од еден до пет степени.

Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Услови за слаб снег претпладне ќе има во источните делови од земјава, а од пладне ќе е претежно сончево со мала до умерена облачност.

Утринските температури се движат од минус три до три степени, додека дневните се очекува да достигнат од еден до пет степени.

Во главниот град ќе биде променливо облачно и студено со умерен до краткотрајно засилен северен ветер, а температурата ќе се движи од нула до четири степени.

За утре се очекува да биде многу студено, без врнежи во текот на денот. Следниот влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува од четврток, а на повисоките планини ќе има и врнежи од снег. 

 

 

Треба да знаете
Последни објави