Search

Факултетот за безбедност ќе потпише договор за соработка со косовската Академија за безбедност

Договор за соработка меѓу Факултетот за безбедност и Косовската академија за јавна безбедност, денеска во Скопје ќе потпишат деканот проф. д-р Никола Дујовски и генералниот директор на Академијата, Исмаил Смакиќи.

Целта на Договорот е да воспостави долгорочна и одржлива соработка меѓу двете високо образовни институции за поддршка на стратешките цели во областите на високото образование, истражување и развојот.

Косовската академија за јавна безбедност и Факултетот за безбедност ја истакнуваат важноста на меѓународната соработка во високото образование на додипломски и последипломски студии и решија да воспостават соодветна основа за идна соработка во дисциплини заеднички за двете институции.

Се очекува соработката, како што велат од Факултетот за безбедност – Скопје, да резултира со развој на заеднички истражувачки проекти, организирање заеднички академски и научни активности, како што се семинари, симпозиуми, конференции, размена на публикации и други материјали од заеднички интерес

Треба да знаете
Последни објави