Search

Пратениците ќе расправаат за нов јавен обвинител

Пратениците денеска на пленарна седница во Собранието ќе расправаат за предлогот на Владата, Љубомир Јовески да биде именуван за нов државен јавен обвинител.

Јовески е актуелен член на Советот за јавни обвинители. Дипломирал право во 1978 година со просек 6,42. Тој има 15 години искуство како судија, и 12 години искуство како јавен обвинител.

Член на Советот на јавни обвинители е од 2015 година. За заменик јавен обвинител на Јавното обвинителство на РМ е избран во 2003 година, а од 2009 година е избран за јавен обвинител без ограничување на траење на мандатот. Работи како судија од 1987 година, а во 1995 и 1996 година е заменик на претседателот на судот. Четири години бил и претседател на суд како и претседател на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Треба да знаете
Последни објави