Search

(ФОТО+ВИДЕО) ШОКАНТНО:ИСМЕТ КОКА УБИЕН ЗАРАДИ FACEBOOK ОБЈАВА?

МВР во денешниот полициски билтен објави детали за вчерашната престрелка во Чаир во која беше убиен Исмет Арифи викан Кока од село Блаце, а тешко ранет беше Ќемал Лусјани

МВР во денешниот полициски билтен објави детали за вчерашната престрелка во Чаир во која беше убиен Исмет Арифи викан Кока од село Блаце, а тешко ранет беше Ќемал Лусјани, кој живеел недалеку од местото на инцидентот:

Синоќа во 22:26 часот во Единицата за информации и команда било пријавено дека на ул.Лазо Трповски, имало пукотници на улица и имало повредено лице.

По дознавање за настанот, од страна на полициски екипи од СВР Скопје е излезено на лице место. Утврдено е дека настанот се случил во 22:20 часот во непосредна близина на чајџилницата „Диселдорф“, И. А. (37) од с.Блаце, Скопје починал на лице место, а повреден е Ќ. Л. (52). од Скопје.

Пред настанот, И.А. и Ќ.Л. биле во чајџилницата „Диселдорф“ и кога излегле од таму влегле во возило марка Пасат, кое било паркирано во непосредна близина на чајџилницата, а е сопственост на М.С.. И.А. седнал на возачкото место, а Ќ.Л. на совозачкото. Откако го стартувале возилото и се придвижиле во насока од ул.Лазар Трповски во правец кон ул.„Втора Македонска Бригада“, од непосредна близина од страната на возачот (сега починатиот) непознат сторител со употреба на огнено оружје испукал повеќе куршуми во правец на возилотo, при што со неколку куршуми смртно го застрелал И.А., а со еден куршум го ранил Ќ.Л. во левото рамо, по што сторителот избегал.

Повредениот Ќ. Л. е пренесен во Ургентен Центар при Клинички центар „Мајка Тереза“. Увидот е извршен од страна на ЕУМНА при СВР Скопје во присуство на дежурниот јавен обвинител. Од лице место подигнати се 11 чаури и предметното возило за крим техничка обработка и истите ќе бидат предмет на вештачење, додека од починатиот одземени се мобилни телефонски апарати, облеката и други лични предмети, земена е парафинска ракавица и истите ќе бидат предмет на вештачење.

Телото на починатиот по наредба на дежурен јавен обвинител е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина. Во соработка со Основното јавно обвинителство се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Неофицијално од разговор со присутните и оние што го познавале Исмет веруваат дека позадината на ова убиство лежи на неговиот последен ФБ статус против Ејуп Халими од ДУИ кој вели:

Во прилог оригиналниот статус на фб и преводот на македонски

И јас реагирам. Агим Мушабанај за Ејуп Халими. Зошто ги изневери другарите на Идеалот. Зошто некои другари стојат позади тебе, или си ги испласил со Груевски. Зошто некои другари од УЧК се во затвор, зошто не те поддржуваат тебе Ејуп? Зошто некои другари не смеат да доаѓаат во Илирида? Ејуп вчера добив еден повик. Со име Х… Некои од наши другари го познават него. И ми рече дека Ејуп ме изневерил. И го прашав за што ме изневерил. ……

Сепак овие информации се неофицијални и се чека на соопштение од МВР

 

ismetfbstatus.JPG

ismet1.jpg3

 

https://www.youtube.com/watch?v=g5IffN9wQaI

 

 

Треба да знаете
Последни објави