Search

Шилегов веќе дал налог да се вадат галиите од Вардар

Петре Шилегов, градоначалникот на град Скопје, вечерва на ТВ24 изјави дека дал налог галиите од коритото на реката Вардар, кои се користат како угостителски објекти, да бидат дислоцирани.

„Галиите го попречуваат нормалниот тек на водите и доколку се зголеми нивото на реката може да дојде до нејзино излевање“, изјави вечерва Шилегов во интервјуто за ТВ24.

Најспорно е тоа што овие објекти претставуваат урбана опрема според документацијата издадена од градот, иако се градби на неколку ката.

 

 

Треба да знаете
Последни објави