Search

Шилегов оствари средба со директорот на УВМК Котевски

Директорот на Управата за водење на матичните книги г-дин Ѓоко Котевски оствари средба со градоначалникот на град Скопје г-дин Петре Шилегов.

На средбата беше разговарано за решавање на проблемот со пријавување на новороденчињата во различни матични подрачја и донесен е заклучок дека сите пријави од породилиштата и децата родени од 1.01.2018 година ќе се запишуваат само во подрачното одделение Скопје, се со цел намалување на трошоците на странките, времето на чекање за добивање на матични броеви како и брзо добивање на првиот извод. 
Исто така беше разговарано и за новата сала за венчавки која треба да биде во новиот Офицерски дом на плоштадот Македонија, и беше констатирано дека браковите што се склучуваат во Музејот на ВМРО или портата Македонија со изградбата на новите простории и создавањето на услови во нив ќе бидат префлени во соодветната просторија за венчавки во Офицерскиот дом.

Треба да знаете
Последни објави