Search

Maртин Протоѓер се пријави во суд

Мартин Протоѓер, поранешниот шеф на кабинетот на екс-премиерот Никола Груевски, денеска се пријави на судскиот шалтер во Основниот суд Скопје 1.

Тој е обвинет во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Со решение на судот на Протоѓер му е одземен пасошот и тој е должен еднаш неделно да се пријавува во судот. 

Овие мерки му беа определени на Протоѓер во јуни од страна на Кривичниот суд иако Специјалното јавно обвинителство бараше мерка притвор.

Протуѓер заедно со високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ се обвинети во предметот „Титаник” за изборни нерегуларности.

Ова обвинение на СЈО е во советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 кој треба да одлучи дали ќе го одбри обвинението, дали ќе го врати на доработка или ќе го отфрли.

Треба да знаете
Последни објави