Search

Пронашол 18 револвери во ѕидовите од старата куќа

Сопственикот на куќата И.Ѓ.(68) во еден од ѕидовите пронашол 18 пиштоли марка „Нагантс“ калибар 7,62 мм.

Во ѕидови од стара куќа во близина на месноста Мегдан во Велес вчера биле пронајдени 18 револвери.

Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, вчера околу 13:30 часот при вршење на градежни работи на куќа која се наоѓа на улицата Максим Горки бр.172 во Велес, сопственикот на куќата И.Ѓ.(68) во еден од ѕидовите пронашол 18 пиштоли марка „Нагантс“ калибар 7,62 мм.

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес.  

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави