Search

Нема бизнис-класа: Министрите во комбе во Струмица

Министрите во владите на Македонија и на Бугарија денеска со комбе патувале низ Струмица на заедничката седница што се одржа во овој град.

Фотографија од возењето објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а на неа се гледаат министерот Дамјан Манчевски како слика со телефонот, како и Љупчо Николовски, Горан Сугарески, и најбогатиот член на Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во возилото се и членови на Владата на Бугарија, меѓу нив и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

„Добрососедство. МКБГ во Струмица“, напиша Шекеринска во краткиот коментар до фотографија

Треба да знаете
Последни објави