Search

Уште една признаена вина во случај на СЈО

Специјалното јавно обвинителство ја доби првата правосилна пресуда за уништување на трагите од прислушувањето.

Имено, еден обвинет кој побарал да остане анонимен признал вина.

Се работи за случајот „Таргет-тврдина“ во кој обвинетиот добил условна казна.

Како што информираат од СЈО, еден од обвинетите за нелегално прислушување ја признал вината, по што постапката за него била раздвоена и посебно му се судело. На 17 ноември била донесена и пресуда.

Лицето било одговорно за бришење на логови од системите за прислушување.

СЈО во овој предмт ги товари и  Горан Грујевски и Никола Бошкоски кои моментално се наоѓаат во притвор во соседна Грција, поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, неговиот шеф на кабинет, Тони Јакимовски, поранешната министерка Гордана Јанкулоска и уште осум лица.

Треба да знаете
Последни објави