Search

Скопјанец нападнал возач на ЈСП со безбол палка

Полициски службеници го лишиле од слобода Д.А. и го привеле во ПС-Кисела Вода за понатамошна постапка.

Возач на автобус на ЈСП Скопје вчера бил физички нападнат со безбол палка од скопјанец, откако со возилото кое го управувал му го попречил патот на автобусот.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 14.15 часот а се случил на ул.„Народни херои“ во близина на крстосницата со ул. „Ѓорѓи Димитров“.

– Д.А. (33) управувајќи патничко возило „застава“ со скопски регистерски таблици му го пресекол патот на автобусот на ЈСП бр.24, управуван од М.И. (52), при што излегол од возилото, искршил еден од прозорците на автобусот и физички го нападнал М.И. со дрвена безбол палка во пределот на главата – наведуваат од МВР.

Полициски службеници го лишиле од слобода Д.А. и го привеле во ПС-Кисела Вода за понатамошна постапка. 

Треба да знаете
Последни објави