Search

Дечињата од ЈДГ „8 Март“ во посета на Општина Кисела Вода

Градоначалникот Филип Темелковски денеска во својот кабинет ги прими дечињата од ЈДГ 8 Март. 

На едукативната посета, дечињата имаа можност да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа, како и со надлежностите на професијата градоначалник.
Се запознаа како се избира градоначалникот, како функционира општината, кои се неговите ингеренции, како се менаџираат одделните сектори во општината преку кои се подобруваат условите за живеење на жителите во овој дел на градот. Одговорајќи на нивните прашања, им објасни дека и градинките во кои тие одат се во надлежност на локалната самоуправа, а заедно појдоа и до општинската сала во која се одржуваат седниците на Советот на Општина Кисела Вода, каде се запознаа и со неговата работа.
Градоначалникот Темелковски ги покани дечињата на повторна средба во неговиот кабинет, а најави и дека ќе им ја возврати посетата во нивната градинка. Воедно, истакна дека во скоро време ќе ги посети и  другите градинки кои гравитираат на територијата на општина Кисела Вода.

Треба да знаете
Последни објави