Search

Апелација денеска ќе соопшти дали „бомбите“ ќе бидат докази во „Титаник 2“

Апелациониот суд  денеска треба да ја соопшти одлуката, дали „бомбите“ ќе се користат како докази во случајот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 2“.

Во едниот од двата разговори, поранешниот началник на УБК, Сашо Мијалков и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, се договараат за распределба на гласови на изборите во 2013 година, за приговори кои пристигнале до ДИК.

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи вчера на јавна седница во Апелација ја образложуваше жалбата на ова обвинителство, и зошто „бомбите“ треба да се користат како докази. Одбраната не се појави во Судот.

Кривичниот суд на 2 октомври ги отфрли прислушуваните разговори на Специјалното јавно обвинителство како докази во обвинението за случајот „Титаник 2“, иако претходно на 18 септември Апелација прифати бомбите да бидат доказ во предметот „Триста“. СЈО поднесе жалба на одлуката на Основниот суд Скопје 1 за отфрлање на бомбите.

Апелационите судии треба да одлучат уште за тоа дали бомбите може да бидат доказ и во предметите „Тортура“ и „Титаник“.

Треба да знаете
Последни објави