Search

Пожар во ноќен клуб Ориентал

Пожар во ноќен клуб Ориентал

На 19.11.2017 година околу 06,00 часот на автопатот Гостивар-Тетово на излезот од с.Жеровјане, од засега неутврдени причини, настанал пожар во ноќен клуб  „Ориентал“, при што бил опожарен инвентарот, а од чадот било направено оштетување на ѕидовите во внатрешноста на објектот. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица-Тетово. Објектот бил затворен и иако сопственикот не барал да се изврши увид, по претходно добиено овластување и инструкциии од надлежен Јавен обвинител при Основното Јавно Обвинителство-Тетово, од страна на увидна екипа од СВР-Тетово бил извршен увид на местото на настанот. Причинета била материјална штета од околу 3.000.000 денари. СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави