Search

Одбраната на Груевски два часа бара да се одложи рочиштето

Одбраната на обвинетите за „Шамарите во Центар“, случај на СЈО, веќе два часа се обидува да ја одложи главната расправа за насилството во Центар, во која меѓи 14-те обвинети е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Првин еден од обвинетите  за насилство Димче Крстев, побара одложување зошто нема адвокат и зошто бил болен, но судот го одби барањето и го прифати предлогот на СЈО да ја раздвои постапката за него.

Адвокатите на другите обвинети се обидоа да ја разубедат судијката дека тоа е доволна причина да се одложи расправата. Откако не им успеа, адвокатите почнаа да изнесуваат други барања во врска со доказите, да се произнесе судот околу нив за да знаат од што да се бранат.

СЈО пак, смета дека доказите треба да ги оспоруваат во текот на главната расправа и бараат таа конечно да почне

Инаку, на рочиштето пристигнаа сите обвинети меѓу кои и Никола Груевски, Миле Јанакиевски и Даниела Рангелова. Во судница се и дел од оштетените, Саша Богдановиќ и Андреј Жерновски. Во моментов сè уште трае образложувањето на адвокатите на Груевски за одложување на почетокот на главната расправа.

Треба да знаете
Последни објави