Search

Бродот „Мис Стоун“ дури денес ќе се вади од Студенчишта

Надлежните служби од Охрид планираат денес со соодветна механизација да го извадат полупотонатиот брод „Мис Стоун“ од кој се излеа нафта во водата на каналот Студенчишта. Иако акцијата се нарекува итна сепак отстранувањето ќе биде денес.

Вчера на терен излезе Државниот Инспектор за животна средина од Охрид кој направил вонреден инспекциски надзор. Од општина Охрид соопштуваат дека веќе бил отворен предмет во инспекциска постапка.

Вадењето на бродот од каналот ќе значи и запирање на истекувањето на нафта во водата.

Треба да знаете
Последни објави