Search

Се одржа четвртиот шаховски турнир „Гази Баба“

Над 120 шахисти од Македонија, Србија, Бугарија и Косово учествуваа на 4. шаховски турнир „Гази Баба“, што се одржа вчера во Скопје. Наградниот фонд изнесуваше 70.000 денари.

Турнирот го отвори градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски, кој воедно на најдобрите шахисти им додели дипломи, пехари и парични награди.

– Шахот како дисциплина е воведен во основните училишта, во рамките на натпреварувањата на училишните спортски лиги, со цел поголема промоција помеѓу младите, рече Георгиевски.

Треба да знаете
Последни објави