Search

Полицијата и УЈП ги тресе Битолските и Прилепските локали

Врие полиција во ноќните клубови низ Прилеп и Битола, информираат граѓани од таму. Полицијата во координација со УЈП врши акција низ локалите во овие градови.

Засилено полициско присуство во повеќе кафулиња и барови во Прилеп и Битола. МВР во координација со УЈП, викендов спроведува акција во повеќе локали низ градовите. Како што дознаваме, полицијата започнала со проверки од 22 часот вечерва а се проверуваат кафулиња, дискотеки, ресторани и барови за нелегално точење алкохол на малолетници, непочитување на законот за пушење и неиздавање фискални сметки.

Од МВР не откриваат во колку локали досега се забележани неправилности во работата. Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Минатиот викенд МВР спроведе акција во Скопје по што 13 локали беа затворени.

Треба да знаете
Последни објави