Search

МВР и УЈП цела ноќ на терен – најголема акција во Тетово

МВР и УЈП цела ноќ на терен. Се „чешлале“ угостителски објекти во Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар и Велес, а се проверувало дали се почитува законот за пушење, дали се точи алкохол на малолетници, посед на дрога, неиздавање фискални и друго.

Се уште немаме информации колку точно локали се проверени, но според нашите извори од теренот, најголем број проверени локали, како и откриени прекршувања на законите има во Тетово. Од мвр највуваат информации во текот на денот. Пред една недела во координирана акција на полицијата со инспектори од УЈП, инспекторатот за труд и пазарниот инспекторат се проверуваше работата на 24 угостителски објекти во Скопје, од кои 13 беа затворени поради утврдени неправилности.

Треба да знаете
Последни објави