Search

Прилепчанка го нашла гостинот мртов во нејзината куќа

Триесетгодишен прилепчанец бил пронајден мртов во куќа во која отишол на гости.

Полицијата соопшти дека вчера дваесет и седумгодишната Н.А. пријавила дека гостинот кој претходниот ден дошол кај нив го пронашла мртов во собата во која престојувал кај нив.

Имено Р.Ѓ. кој сега е починат дошол во домот кај неа и нејзиниот сопруг со изговор дека се скарал со неговите родители и побарал да остане, по што се качил на катот од куќата. Откако истиот бил пронајден без знаци на живот, била повикана Итна медицинска помош и од страна на лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави