Search

Заев: Ќе го споделиме искуството, доаѓа време на социјалдемократијата во регионот и во Европa

„Многу се зборува за ЕУ, време е за акција“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција на лидерите од регионот и лидерите на ПЕС во Сараево.

„Собрани сме заедно, да најавиме дека ни е доста од квазипатроитизам и дека алтернатива е социјалдемократијата. Доаѓа време на социјалдемократијата“ оцени во изјавата премиерот Заев. Тој додаде дека граѓаните ги препознаа вистинските вредности на политиките за заедничко општество за сите граѓани и затоа масовно ги поддржаа во Македонија.

„Ќе го споделиме искуството, им треба на ЕУ и на регионот, да ги вратиме парите кон граѓаните, да изградиме општества за сите. Има децении како десничарите владеат, промените се здрави, алтернатива е социјладемократијата“, додаде Заев.

„Да ги испратиме пораките, граѓаните да следат што имаме да понудиме, а има многу“ рече меѓу другото претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на заедничката прес конференција во Сараево по првиот Панел на регионалниот Самит на ПЕС.

На почетокот на панел-дискусијата, посебно беше поздравен претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија, Зоран Заев, за неговата силна верба дека промени се можни и за храбрите заложби за нивна реализација. Промените што ги иницираше и направи претседателот на СДСМ, Заев се „искра во камен“. Треба да го следиме примерот во Македонија, различностите во регионот се наша предност, се меѓу пораките на присутните на регионалниот Самит на ПЕС лидерите во Сараево.

Претседателот на СДСМ и претседател на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, присуствуваше на Регионалниот самит на ПЕС лидерите во Сараево, на Панелот „Регионална соработка во контакст на ЕУ интеграциите “

Треба да знаете
Последни објави