Search

Мислел дека изнајмува дуќан па дал 13.500 денари на лажен газда

Шеесет и двегодишник бил измамен и на лажен сопственик на дуќан му дал 13.500 денари.

Полицијата соопшти дека вчера Д.А. пријавил дека истиот ден околу 12:30 часот додека бил во трговскиот центар Лептокарија во Скопје и додека меморирал број од оглас за издавање на дуќан под закуп му се доближило едно лице кое му се претставило дека е сопственик на дуќанот информирајќи го дека киријата била 500 евра месечно, со закуп за шест месеци однапред плаќање и побарал аванс од 200 евра.

Пријавителот му дал 100 фунти, 50 евра и 3.000 денари (вкупно 13.500 денари). Истите се договориле да разменат податоци, но додека пријавителот влегол за кусо во една продавница, лицето го напуштило местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави