Search

Заев испрати писмо со сочувство до грчкиот премиер Ципрас

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со сочувство до својот грчки колега Алексис Ципрас, по трагичните последици од катастрофалните поплави во неколку градови во Грција.

Во писмото премиерот Заев истакнува дека сочувствува со семејствата и роднините на загинатите, повредените, како и со граѓаните погодени од поплавите.

– Би сакал да ја нагласам нашата подготвеност да Ви понудиме секаква помош во овие тешки времиња за Вашата земја. Нашата Влада и нашата држава се посветени на одржување на добрососедските односи и затоа Ви ја нудиме нашата поддршка во овие несреќни моменти – напиша Заев во писмото до Ципрас.

Заев во писмото изразува надеж дека соседна Грција ќе ги надмине и ќе ги санира последиците од оваа голема природна катастрофа.

Треба да знаете
Последни објави