Search

Три автомобили гореа среде Скопје

На 16.11.2017 година во 21,56 часот во Скопје на ул.“23 Октомври“, од засега непознати причини, опожарени се возилата “Фолсваген Шаран“ сопственост на А.Б.(33), “Пежо 308“ сопственост на А.Н. и „Форд Фиеста“ сопственост на А.Ј.(76) сите со скопски регистарски ознаки.

Истите се изгаснати од страна на екипи на Бригада за противпожарна заштита.

Увид на лице место ќе се изврши во текот на денешниот ден.

Треба да знаете
Последни објави