Search

(Официјално) ШИЛЕГОВ СТАВИ НОВИ ДИРЕКТОРИ НА ЈСП, ВОДОВОД И УЛИЦИ И ПАТИШТА

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денес постави нови директори на јавните претпријатија ЈСП „Скопје“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“.

На ЈСП „Скопје“ нов директор е Кристијан Чушков, на ЈП„Водовод и канализација“ Душко Весковски, а на ЈП „Улици и патишта“ Сенад Смаиловиќ.

Новите директори рекоа дека ќе направат комплетна ревизија на работата на претпријатијата бидејќи имаат информации дека имаат превработеност.

„Прво треба да видиме во каквца финансиска состојба се претпријатијата и колку луѓе се вработените во изминатиов период“, рече новиот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски.
 

Ова е прва промена на директорските места во јавните претпријатија под надлежност на Град Скопје. Во наредниот период ќе има промени и во останатите јавни претпријатија и културни институции.

Треба да знаете
Последни објави