Search

Централното градко подрачје на Скопје без парно

Централното градко подраче на Скопје утрово е без парно греење поради дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топлана Исток.

Од „БЕГ“  информираат дека екипи работат на санација на дефектот и оти се очекува околу пладне корисниците од овој дел на градот да добијат парно.

– Според проценката се очекува во најбрз рок, за два часа дефектот да биде саниран, по што ќе следи полнење на водот и нормализирање на испораката на топлинска енергија околу пладне ке се стабилизира – велат од „БЕГ“.

Центарот за грижа на потрошувачи на БЕГ  тел: (02) 3076-200

Треба да знаете
Последни објави