Search

Бутарис и Заев за нова година во Солун!

Срдечна атмосфера и позитивни теми за разговор. На средбата меѓу градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис и премиерот Заев

Срдечна атмосфера и позитивни теми за разговор. На средбата меѓу градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис и премиерот Заев, се зборувало за интензивирање на соработката на локално ниво под покровителство на владите. Јас како градоначалник не би навлегувал многу во политички прашања, но верувам дека силните меѓусебни релации меѓу градовите и жителите се многу важни и за соработка меѓу државите, изјави Бутарис.

Според Заев терен за конечно решавање на името се подготвува уште од првиот момент откако се формираше владата, но уште нема никави детали. Досега сме на она што значи позитивни услови и расположение од сите страни, одговори премиерот на прашањетто дали се создава атмосфера за решавање на спороѕ  во 2018-та година.

Средбата на преговарачите со медијаторот Нимиц која требаше да се одржи следната недела  ќе се оствари на почетокот на декември. Владата останува на ставот преговорите да ги води заедно со опозицијата и со претседателот и на крај за името да се изјаснат граѓаните на референдум. Во духот на добрососедството, Бутарис го покани Заев на дочек на Нова година во Солун.

 

Треба да знаете
Последни објави