Search

Министерство за здравство: Бакрачески не е деградиран

„Независно на кој отсек се водат вработените, ротираат на сите отсеци, па Бакрачески вршел и коронарографија“, заклучила вонредната инспекција.

Заклучокот по вонредниот инспекциски надзор од Министерство за здравство и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, поради информации во медиумите, а кои се однесуваат на деградирање на д-р Никола Бакрачески, вработен во охридскиот Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања, со распределба на работно место кое не соодвествува со неговиот степен на стручна подготовка, го објавуваме интегрално:

„Д-р Никола Бакрачески, специјалист интернист со супспецијализација-кардиологија, во 2013 година ја презема градоначалничката функција од позиција на директор на оваа установа. Со Одлука за мирување на вработување д-р Никола Бакрачески има право во рок од 15 дена по престанок на вршење на функција градоначалник на Општина Охрид, да се врати во Заводот, на работно место кое одговара на неговиот степен на стручна подготовка. Роковите се испочитувани и моментално во Заводот е поставен на работно место-раководител на отсек за аритмии за кое место согласно систематизацијата потребно е ВСС Медицински факултет-спец.интернист или супспецијалист кардиолог. Напоменуваме дека во установата независно на кој отсек се водат вработените, постојано ротираат на сите отсеци, така што и д-р Никола Бакрачески, откако е вратен во заводот, вршел интервенција-коронарографија.

Во врска со наводите за д-р Зоран Доневски, специјалист-интернист, со супспецијализација-кардиологија, претходно раководител на отсек за ергометриско тестирање, а распределен на работно место-раководител на стационарно-болнички оддел, согласно систематизација потребно е ВСС Медицински факултет-спец.интернист или супспец.кардиолог, неговото работно поместување е по хоризонтала заради заминување на предходниот вработен на тоа работно место на специјализација во Скопје и дека во тек е постапка за известување на Државна комисија за спречување корупција.

 

Треба да знаете
Последни објави