Search

Маж од Албанија пронајден мртов во комбе

Резултатите од направената обдукција покажале дека смртта кај П.Ш. настанала како последица на труење од јаглен моноксид.

Триесет и деветгодишниот П.Ш. од Албанија вчера е пронајден мртов во комбе во атар на струшкото село Ливада. Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен од страна на Итна медицинска помош која кај П.Ш. констатирала смрт без траги на насилство. Утврдено е дека мажот бил работно ангажиран како овчар.

Резултатите од направената обдукција покажале дека смртта кај П.Ш. настанала како последица на труење од јаглен моноксид, односно од плинска греалка за затоплуивање која се наоѓала во комбето.

По добивање на потребната документација, телото на починатиот ќе биде предадено на семејството за погреб.

 

Треба да знаете
Последни објави