Search

Цивил: Груевски решил да поднесе оставка

Според извори на Цивил, Груевски веќе ја донел оваа своја одлука и единствено се премислува околу терминот за објавата.

Неофицијално се дознава дека Никола Груевски веќе подолго време размислува да објави оставка од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Цивил медиа.

Според нивни извори, Груевски веќе ја донел оваа своја одлука и единствено се премислува околу терминот за објавата.

„По катастрофалниот пораз на локалните избори, Груевски се наоѓа под силен притисок дури и од дел од своите најблиски соработници, да понесе одговорност за поразот и да поднесе оставка. Иницијативата за внатрешни реформи (Реформаторите) веќе со месеци повикуваат на внатрешна демократизација на партијата и негова оставка од функцијата. Реформаторите добиваат масовна поддршка од членството на ВМРО-ДПМНЕ“, пишува Цивил. 

Треба да знаете
Последни објави