Search

Пратениците ќе расправаат за предлог-законот за употреба на јазиците

На денешната 15 седница на Собранието, на дневен ред е предлог-законот за употреба на јазиците поднесен во август со европско знаменце од Владата. Поради локалните избори, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја одложи расправата.

Мнозинството пратеници го отфрли предлогот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предлог-законот за употреба на јазиците да биде симнат од дневниот ред. Пратеникот Илија Димовски побара да се тргне од дневен ред образложувајќи дека овој закон не е во согласност со процедурите и ги повика пратениците да го усвојат неговиот предлог. Предлог-законот за употреба на јазиците беше поддржан од собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Предлог-законот предвидува во сите органи на државната власт, како централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица што вршат јавни овластувања, службен јазик, освен македонскиот јазик и неговото писмо, да биде и албанскиот јазик.

Станува збор за примена во комуникацијата, употребата и во сите постапки на граѓаните пред сите органи што ја сочинуваат државната власт (Собранието, претседателот и Владата, судството, јавното обвинителство), Уставниот суд, народниот правобранител, во изборниот процес, образованието, науката, здравството, културата, при примената на полициските овластувања, радиодифузната дејност, нотаријатот, извршувањето, инфраструктурните објекти, матичната евиденција, личните документи, финансиите, економијата, како и во други области.

Треба да знаете
Последни објави