УЈП И ПОЛИЦИЈАТА НОЌЕСКА НАПРАВИЈА ГОЛЕМА КОНТРОЛА ПО ЛОКАЛИТЕ ВО СКОПЈЕ

Голема акциска контрола се случуваше синоќа во Скопје, а беше видливо силнополициско присуство кое беше поддршка на неколку инспекциски служби кои проверуваа дали локалите, ноќните клуби, казината и агенциите за обезбедување го спроведуваат законот при вршењето на работата.

 Контролите се однесуваат на проверки на локалите дали работат законски, а полицијата всушност дава логистика на пазарните инспектори и инспекторите на УЈП.

Овие контроли особено се забележани во централното градско јадро на Скопје.

Повеќе информации за епилогот од рацијата се очекуваат наскоро, за што во МВР ќе има и прес конференција.

Треба да знаете
Последни објави