
Центарот за управување со кризи информира дек во текот на изминатото деноноќие (02/03.01.2025), во попладневните и вечерните часови, поради пад на температурите дојде до замрзнување на коловозите во северозападниот регион на државата.
Во тој период како што наведуваат од ЦУК, биле примени поголем број пријави од возачи и граѓани.
Од ПС за ВПС Тетово се регистрирани четири сообраќајни незгоди со материјална штета: Две на автопатот Тетово – Гостивар (од кои една верижна сообраќајна незгода со учество на 10 возила), Една на локалниот пат Пирок – Боговиње, Една на патот Тетово – с. Требош.
За една од сообраќајните незгоди не е побаран увид.
Од БПС Гостивар се пријавени вкупно 15 сообраќајни незгоди, од кои на 10 е извршен увид од страна на увидна екипа, додека за 5 не е побаран увид поради договор меѓу оштетените страни.
Примени биле и бројни пријави од граѓани од градовите Тетово и Гостивар, како и од околните населени места, за замрзнати споредни и локални улици.

