
Соопштение на СДСМ:
Две години по доаѓањето на власт на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ, ветувањата дадени пред граѓаните останаа само празни зборови.
Анализата на програмата „Платформа #1198″ покажува дека по две години дури 90% од ветувањата не се исполнети.
Мицкоски и ВМРО ветуваа повисок животен стандард, а денес паричниците и фрижидерите на граѓаните се попразни.
Ветуваа пониска инфлација од 2,5%, а цените на храната растат, инфлацијата е 4,8% двојно повисока од просекот во Европа.
Ветуваа повеќе странски инвестиции, а странските инвестиции паднаа за речиси две третини.
Ветуваа нови работни места и повисоки плати, а граѓаните се соочуваат со зголемена сиромаштија од 22% и намалена куповна моќ.
Ветуваа намалување на задолжувањето а ги зголемија долговите за 2,5 милјарди евра.
Ветуваа поддршка за земјоделците од 180 милиони евра, а субвенциите ги намалија за 40 милиони евра. Намалени субвенции, намален откуп, неизвесен пласман и целосно отсуство на системска грижа.
Ветуваа мерки за младите да не се иселуваат, ништо не направија.
Ветуваа искоренување на корупцијата и правда за сите, а јавноста е сведок на тендерски скандали тешки над 150 милиони евра, партизација на институциите, контрола на правосудството.
Ветуваа напредок кон Европската Унија и реформи, а Македонија денес е со блокиран европски пат. Нема реформи, нема резултати, нема напредок, има само изолација.
Резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА!
Нула во реформите. Нула во подобрувањето на животниот стандард. Нула во зголемувањето на платите. Нула во мерките за младите. Нула во поддршка за земјоделците. Нула во европскиот пат.
Со Мицкоски Македонија забрзува кон пропаст.


