Skip to main content
Хроника

18-годишна девојка допирана по телото на автобуска постојка во Центар, случајот пријавен во полиција

27/03/2025  14:25

Синоќа во 21:30 часот, осумнаесетгодишна девојка од скопско село пријавила во СВР Скопје дека била вознемирувана од маж додека чекала автобус на автобуска постојка во Центар.

Според нејзината изјава, непознато машко лице ја допирало по телото, по што таа веднаш го пријавила случајот во полиција.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на идентитетот на сторителот.