Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Труција кои традиционалнo се пријателски и се значајни за двата народи.
Исто така на средбата се разговараше и за актуелните состојби меѓу двете земји, традиционалното пријателство меѓу државите и силната соработка.
Вицепремиерот Николоски истакна дека Турција е значаен трговски партнер на Македонија и во таа насока Владата во континуитет работи на унапредување на условите за инвестирање во земјата.
На средбата се разговараше и за инвестиционата програма на Владата во делот на капиталните проекти, а се отвори и прашањето за унапредување на соработката во делот на транспортниот сектор.
Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски изрази благодарност за досегашната подршка што ја овозможува Труција и ја нагласи потребата од интензивирање на меѓусебната соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.