Skip to main content
Хроника

16 годишник во Скопје за неколку дена украл 160 илјади денари

08/01/2025  15:17

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за малолетник во судир со законот за кого постои основано сомнение дека е извршител на шест различни кривично-правни дела кои во Кривичниот законик се предвидени и санкционирани како кражби и тешки кражби.